Прилеп загуби голем човек – бизнисмен, хуманист… Почивај во мир!

На 43-годишна возраст, како последица на повреди здобиени во сообраќајна несреќа во населбата Варош, вчера попладне животот го загуби сопственикот на “Авто Контрол”, Љупчо Перканоски.

Перканоски беше сопруг и татко на две деца, голем човек, хуманист и почитуван млад бизнисмен, не само во Прилеп, туку и во целата држава.

Со неговата упорност и трудољубивост, Перканоски успеа неговата автомеханичарска работилница да ја претвори во еден од најуспешните бизниси во Прилеп, но и во една од најдобрите македонски компании во оваа област

Заедно со неговаата сопруга Даниела, плодовите од својот успех несебично ги споделуваа со заедницата и направија од “Авто Контрол” една од најголемите општествено одговорни компании.

Донираа во образование, култура, медиуми, луѓе на кои им беше потребна помош.

Неговото прерано заминување го потресе целиот град и предизвика тага и негодување. Погребот ќе се одржи денеска на новите градски гробишта во Прилеп, во 15:30ч.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.