Преку 200 натпреварувачи зедоа учество на Меѓународниот меморијалeн турнир во орентација „Пеце Атанасоски“, кој по V-ти пат се одржува во Прилеп, но за прв пат има меѓународен карактер. На ова јубилејно петто издание, покрај македонски натпреварувачи, учевствуваат и тркачи, професионалци, аматери и рекреативци од други 12 земји: од Австрија, Скандинавските земји и од Балканските земји.
Натпреварувачите во зависност од категоријата и старосната граница, трчаат на три трки на различни должини. Првата трка е во центарот на градот, на скрин патеки, што значи патеки долги од 1 до 3 км.
Втората трка се организира кај Прилепското мермерно езеро, во должина од 4 до 8 км, а последната патека е во понеделник,10-ти октомври, во Варош и Камена баба, во должина од 3 до 6 км.
Орентационото трчање не е класично трчање, затоа во него можат да учествуваат натпреварувачи од 7 до 77 годишна возраст. Станува збор за натпреварување во орентација, кое се трча со помош на компас (восола) и се чита мапата, со цел да се помнат сите зададени контролни точки. А, за да се потврди дека натпреварувачот ги поминал сите контролни точки се користи електричен чип кои го носат натпреварувачите за време на трката и од кој се чита времето на поминување од една до друга контролна точка и за кое време натпреварувачот ја поминал целата патека, зададена на мапата. „Се собира времето на секој натпреварувач од трите трки и така ќе се знаат кои ќе бидат победниците“- велат организаторите , од планинрското друштво „Златоврв“, задоволни од бројноста на учесниците.
Меѓународен меморијалниот турнир во орентација „Пеце Атанасоски“, во организација на планинрското друштво „Златоврв“ и градот Прилеп, започна викендов и ќе трае до понеделник кога ќе бидат доделни наградите на најдобрите натпреварувачи.
Mеморијалниот турнир во орентација „Пеце Атанасоски“ е дел од програмата на Прилеп за одележувањето на националниот празник 11-ти Октомври, односно 75 години од антифашистичкото востание на македонскиот народ.