Прилеп домаќин на Државното првенство во тенис за основци (ФОТО)

Вчера во Прилеп започна Државното првенство во тенис за основци, кое се одржува во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија и Сојузот на училишни спортови на Прилеп, а со поддршка од Министерството за спорт и Локалната самоуправа на Општина Прилеп.

Околу 40 млади тенисери од цела Република Македонија ги одмеруваат своите спортски вештини и покажуваат фер-плеј дух, борбеност и љубов кон спортот.

На отворањето на првенството присуствуваше и претседателката на Советот на Општина Прилеп, која на учесниците им посака добредојде и многу успех на натпреварите.

Општина Прилеп и понатаму останува посветена на поддршката и промоцијата на спортот и младите таленти, како клучен сегмент од здравиот и активен развој на новите генерации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.