Прилеп дел од првиот национален фитнес ден во Македонија: На теренот со вештачка трева вежбаа и млади и возрасни (Фото/Видео)

На 24 септември во Македонија се одржа првиот национален фитнес ден, а настанот се одбележа и во Прилеп.

Присутните на теренот со вештачка трева во населбата Типски во Прилеп, ја искористија можноста за Body Combat тренинг со Проф. Ангела Ѓелинческа од студиото Body Lab.

Настанот привлече големо внимание кај прилепчани. Вежбаа и млади и возрасни. Се одржа и натпревар, во кој најуспешните си добија маички со логото на денот.

Навистина еден прекрасен настан кој мора да прерасне во традиција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.