“Прилеп го бојкотираше СДСМ! Гостите на плоштад, домаќините беа дома револтирани од кукавичкиот договор?” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Околу 40-тина автобуси, 15 комбиња и голем број автомобили, изброија прилепчани синоќа на неколку локации во градот, кои во градот пристигнаа со луѓе од повеќе градови, а со цел да го пополат плоштадот “Методија Андонов – Ченто” за синоќешниот митинг за поддршка на референдумот.

Прилепчани се запрашуваа, зошто во град каде СДСМ на претходните локални избори освои над 23.000 гласови, им се потребни луѓе од други градови?!

Се чини дека прилепчани во голем број се решија да останат дома и да го бојкотираат овој собир, кој имаше за цел да повика на позитивно гласање на референдумот за промена на државното име.

Социјалните мрежи вријат од фотографии и видеа од истоварањето на групи граѓани од Битола, Неготино, Кавадарци…кои пристигнаа во Прилеп да го покријат дебаклот на собирот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.