Синоќа во Прилеп под Градскиот саат беше промовиран новиот бенд “Тhe Dreamers”, што претставува нешто ново, свежо и уникатно на музичката сцена.
Бендот е составен од четири члена, а нивниот стил на музика на почеток е преработка на познати странски и домашни хитови, на еден начин кој звучи перфектно.
“The Dreamers” го сочинуваат: вокалите Викторија Стојческа и Маја Црвенкоска (Дипломирани соло пејачи на Музичката академија во Скопје), актерот Милан Секулоски и на клавијатури и вокал Кире Најдоски.
Синоќа околу Градскиот часовник имаше многу луѓе кои дојдоа да уживаат во прекрасните изведби на ретро хитови, но и по некоја песна од нашата музичка сцена.
Публиката беше фасцинирана од изведбата и моќните вокали на девојките во бендот, па на крајот од двочасовното уживање бараа уште музика.
Промоцијата беше поддржана од иницијативата “Jaвен простор Прилеп”, Teатарот “Чин 4 Сцена 5” и “Кафе Чоше”.
Maркукуле беше на настанот, па едно што можеме да кажеме е дека ваков состав му беше потребен на Прилеп и им посакуваме долго и успешно заедничко дружење.
Во продолжение проследете дел од атмосферата:
ФОТО: 3XS_Photography