Нa 57-от по ред Државен натпревар за ученици во основно музичко училиште, кој се одржа од 11-13 април 2019 во Скопје, настапи и талентираниот ученик Арсениј Ангелески од основното музичко училиште “Ордан Михајлоски – Оцка” од Прилеп.
Арсениј уште еднаш го покажа својот огромен талент и стана државен првак на Македонија во прва В категорија со 99 поени.
Младиот пијанист е во класата на професорката Христина Никоска.
Слушнете го и уживајте во неговиот настап: