На 15.06.2019 годинаво 15.30 часот во Полициската станица Прилеп, И.С.(79) од с.Алинци, прилепско, пријавила дека во дворното место пронашла неексплодирана граната.
Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за минофрлачка граната од 75мм, која потекнува од Првата светска војна.
Гранатата била подигната за понатамошна постапка.