Пролетта во центарот на Прилеп е магична кога ќе расцветаат јапонските цреши.
Розевиот цвет на овие раскошни дрвца му дава посебна убавина на градот од средината на април, па речиси до крајот на месец мај.
Доаѓаат и посетители од другит градови, кои сакаат да направат по некоја фотографија…
Па ете добра идеја, замислите како ќе изгледа градот и колку многу посетители и туристи ќе привлече ако се засадат уште неколку стотини јапонски цреши.