Прилеп вечно ќе ги памети! Една година од трагедијата во која загинаа доктори и технолог од болницата „Плодност“

На денешен ден, пред една година, се случи ужасна сообраќајна несреќа во која животите ги загубија прим. д-р Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолoг Фанче Јованоска.

-Нивното отсуство и понатаму боли, но нивната добрина, нивното знаење и нивната љубов кон пациентите живеат со нас секој ден. Тие не се само дел од историјата на „Плодност“, туку засекогаш дел од нашите срца. Со неизмерна благодарност и тивка молитва, Мир во Царството Небесно, порачаа од болницата Плодност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.