Новата спортска сала во дворот на основното училиште “Манчу Матак” во Кривогаштани веќе го добива својот изглед. Активностите кои започнаа при крајот на минатата година сега веќе стигнуваат до самиот крај, каде за неколку месеци жителите на општината ќе имаат на располагање нова спортска сала.
Самата инвестиција изнесува 24.000.000 денари, кои општина Кривогаштани ги обезбеди преку Министерството за образование и наука со што општината за прв пат доби објект од ваков вид со што учениците, младите и спортистите од целата општина, ќе добијат место за непречени спортски активности за време на зимскиот период од годината.
Во последните неколку години во општина Кривогаштани значително се подобри спортската инфраструктура, со што на младите им се отвори поголем простор за спортски активности.