Приведени двајца жители од Црнилиште – полицијата ги фати во незаконит лов кај с.Зрзе

-На 07.01.2026 во 15:15 часот на патниот правец кон с.Зрзе, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Р.А.(36) и Љ.Р.(36), двајцата од с.Црнилиште, општина Долнени. Тие биле затекнати при незаконит лов, по што се обиделе да побегнат, но набргу се фатени и лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.