-Ја имавме честа да бидеме дел од незаборавна свадбена прослава на двајца браќа со две прекрасни невести – напишаа на социјалните мрежи од групата “МАЕСТРО”, фотографија на која добија голем број позитивни реакции.
Инаку, станува збор за Давид и Милан Дамески и нивните подобри половини Ивана и Викторија. Браќата од Прилеп се синови на Пеце Дамески, легендарниот мајстор за бурек и бели пецива и сопственик на брендот “ЏУЛИЈАНО”.
Браќата се трета генерација пекари кои ја градат успешната приказна, која трае цели 50 години.
Нам ни останува да им ја честитаме среќата и да им посакаме да се долговечни заедно! Една несекојдневна свадбена свеченост која со сигурност ќе се памети и за која долго ќе се зборува.