Благовец е денот кога пчеларите се молат на Господ Исус Христос за успешна и бериќетна година. Пчеларите од Прилеп како секоја година така и оваа традиционално присуствуваа на Светата Литургија која се оддржа во манастирот Св. Димитрија во Селце. Целта на настанот е да се продолжи со традицијата која што на нашите простори датира многу оддамна – посочија организаторите.
Учесниците на оваа манифестација ги поздрави и Претседателот на Совет Никола Димески кој истакна дека огранизацијата на овој настан е значајна за Прилеп и за производителите на мед од нашата општина.