Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, денеска гостуваше во програмата на “Радио Пела” каде зборуваше за состојбата со kopoнавиpycoт во Прилеп, мерките кои ги презема општината и забелешките кои ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ги има во однос на менаџирањето со последиците од пандемиjaта.
Ристески изнесе сериозни критики кон работењето на градоначалникот Илија Јованоски и во програмата изнесе неколку како што рече сомнителни договори за привремени вработувања и тендери.
Тој го потенцираше Договорот за зимско одржување на улиците во Прилеп, за кој во претходните години на тендер се постигнала сума во вредност од 4.600.000 денари.
“Но, што се случува оваа година. Оваа година градоначалникот си дозволил да распише тендер, да го поништи и потоа да склучи договор со непосредно договарање, непосредна спогодба. Тој договор е потпишан на неколку милиони повеќе со истата фирма, отколку ланскиот. Ако лани одржувањето коштално 4.600.000 денари, притоа легално на тендер си конкурирала фирмата, на електронска аукција, годинава преку непосреден договор потпишале на 7.000.000 денари. Зошто со истата фирма, за истата услуга, за неколку милиони се зголемила сумата за потпишување на ваков договор?”, истакна Ристески.
Од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп попладнево ги испратија договорите со кои се потврдува она што Ристески го истакна во гостувањето на “Радио Пела”.
Договор од 2018 година:
Договор од 2019 година:
Целото гостување на Петар Ристески погледнете го во продолжение: