Иван Василески (23) е добитник на наградата, Инженерски прстен. Наградата ја врачи претседателот Ѓорѓе Иванов. Станува збор за престижно признание на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и инженери по препорака на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Дипломираниот инженер се надева дека наградата ќе му биде виза и референца за стипендија за постдипломски студии во странство, па и вработување во некоја државна институција. Дотогаш, наградата го потсетува на сиот труд, време, посветеност и пречки кои ги совладал при студирањето.
– Се надевам дека ќе бидам дел од тим во модерно автономно претпријатие за развој на македонското инженерство. Стипендирањето и вработувањето во македонските академски институции е најдобра почетна точка за истражување во одредена научна дисциплина – вели Василески.
Признанието ќе го олесни патот за стипендија за образовна надградба и запливување во научните води на глобалната научна сцена.
Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ