Претседателката е мега ѕвезда на СП- сите се воодушевени од скромноста на Колинда, а овој детаљ ќе ве остави без зборови (ФОТО)

Руските медиуми веќе со денови на големо се заинтересирани за претседателката на Хрватска која од први јули е на гости во нивната земја и ги поддржува своите фудбалери на СП.

Медиумите наведуваат како Колинда Грабар Китаровиќ пристигнала во Русија со авион во економска класа и се фотографирала со многубројните патници кои патувале на истиот лет.

-Претседателката пристигна точно навреме за мечот Хрватска- Данска, а мечот наместо од ВИП ложата го гледала од трибините заедно со обичните љубители на фудбалот, наведуваат руските медиуми.

Според нив поради овие детали таа станала вистинска ѕвезда во Русија, а тие ја пренесоа и нејзината изјава во која вели дека таа со тоа сакала да покаже дека го сака фудбалот.

-Го сакам фудбалот како и сите останати, сакав да им дадам поддршка на фудбалерите заедно со другите фанови. Облеков дрес со националните симболи што веројатно не ќе можев да го облечам во ВИП ложата која обично има свои правила, пишува во медиумите.

А тие со големо внимание ја пренесоа и веста дека по победата над Данска таа директно влезе во соблекувалната каде им честиташе на фудбалерите со топла прегратка.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.