Претрес во домот на прилепчанец: Пронајдена дрога

На 14.11.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Н.(45) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.