Паско Кузмановски најлегално, лиценцирано и со сите дозволи, работи (сервисира) оружје, занает за кој и јавно зборува уште пред многу години пред тв камерите. Кој е од Крушево, го познава “Сандокан”, пишува на Фејсбук Филевски Игор.
На 27. јуни МВР излезе со молскавично соопштение дека Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба извршиле претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево.
-При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител – информираа од МВР и објавија фотографии.
Истата објава наиде на оромна лавина коментари на социјалните мрежи, но малкумина знаеја дека станува збор за чичко Сандокан пушкарот.
-Абе она што го викате “држава” ви се распаѓа и хоризонтално и вертикално, пичлемиња и копиљаци ви се расфрлаат со милиони и раскурцуваат се’ до пепел, купена администрација, министри, судство, псеудо премиери и претседатели, а вие се фативте на чесен занаетчија да покажувате сила? Ах бре, ах… – пишува Филевски во својата Фејсбук објава, каде објави и видео од документарен серијал за стари занаети од “Алфа ТВ”.