По последните случувања во Брисел и недобивањето на датум за почеток на преговорите со Европската унија, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски закажа вонредна прес-конференција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати до јавноста во 13:30 часот.
Премиерот Зоран Заев сè уште не дал изјава за јавноста по враќањето од Брисел. Според последните информации, во тек е средба со министрите во Владата.