Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска се обрати на Форумот 100 дена Влада на кој низ форматот прашања и одговори, заедно со вицепремиерите и министрите, ги презентираа остварувањата во овој период од работата на извршната власт.
„Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните“, кажа Ковачевски.
Ковачевски кажа дека го ублажиле големото поскапување на храната и енергенсите. Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно за секој граѓанин.