Премиерот Мицкоски ќе ја промовира новогодишната потрошувачка кошничка по ниски цени

Во свечената сала на Владата, денеска во 11:00 часот ќе се одржи состанок помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка, која се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците, кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.

По состанокот, во 11:45 часот прес-конференција за медиуми ќе одржи претседателот на Владата, Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.