Англичаните се решени по секоја цена да ја доиграат сезоната, пред сѐ поради огромните пари кои во спротивно би ги загубиле од продажбата на телевизиските права, поради што секојдневно се појавуваат идеи за тоа како би се направило тоа, меѓу која дефинитивно е најлуда таа за одигрување за сите преостанати средби во – Кина.
За денеска е закажам состанок на челниците на Премиер лигата, на кој ќе се разговара за евентуалниот календар односно за тоа што би било кога ќе се смири пандемијата со коронавирусот. Ќе се разговара и за намалувањето на платите на фудбалерите, нешто што дел од клубовите веќе го направија со цел да ги сочуваат работните места на вработените во администрацијата.
Засега мораториумот за средби е со важност до 30 април, но со оглед на стравичната ситуација во бројот на заразени со Ковид-19 во Велика Британија, тешко е да се очекува дека на почетокот на мај би можело да се продолжи со натпревари. Поради тоа, дури и идеја за преселба на Премиер лигата во Кина во моментов и не изгледа до толку луда.