На Фејсбук страната “Македонци во Малта” објавено е едно прекрасно видео, од турски оркестар кој свири македонска народна музика, на улиците во турскиот град Измир.
Видеото изминатите два дена стана вирално на социјалните мрежи и е уште еден доказ дека македонската песна, традиција и обичаи, се толку привлечни за сите народи ширум светот, што некогаш треба да се запрашаме: Дали доволно самите се цениме?