Викендов плоштадот Магнолија во Битола е претворен во вистинска спортска арена за FIBA 3х3 баскет турнирот, организиран од страна на Здружението за популаризација и промоција на кошарката „3×3 Basketball” и Општина Битола.
Натпреварите започнаа вчера со натпреварот на екипите 3х3 Молика од Битола и Црн Дрим од Струга, а турнирот го отвори градоначалникот на
општина Битола, Тони Коњановски, посакувајќи им на сите присутни убав престој во Битола и одлични натпревари.
Турнирот продолжува денес во 17 часот, а полуфиналните натпревари ќе започнат околу 20 часот, додека финалето е планирано да биде во 20:45
часот, кога и ќе бидат доделени наградите на победничката екипа.
Победниците на натпреварот ќе добијат парична награда од 2.000 евра, за освоено второ место награда од 1.000 евра, а пригодни подароци ќе
добијат сите учесници на натпреварите.
FIBA 3х3 баскетот е многу популарна форма на кошарка и број еден урбан спорт во светот.