Живе и Мирјана Кремшовски се македонски солисти кои живеат и работат во Германија.
Живе е солист во театарот во Магдебург, а неговата сопруга Мирјана Бурназ-Кремшовски е на магистерски студии по оперско пеење на универзитетот Фолкванг во Есен, и настапува ширум цела Германија.
Двајцата солисти располагаат со прекрасни гласовни способности, а пред неколку дена ја отпеаа безвременската “Излажи ме” од Тоше Проески.
Уживајте во продолжение: