Прекрасно изработена виртуелна прошетка низ Марковите Кули над Прилеп: Прилика за секој кој не ги посетил да се запознае со славното минато на прилепчани

“Концепт за култура” oд Скопје во своите виртуелни прошетки низ знаменитостите на Македонија, ги внесе и Марковите Кули во Прилеп. Еден прекрасно изработен приказ на локалитетот по кој Прилеп е препознатлив, и покана за сите кои не го посетиле овој локалитет, да дојдат во Прилеп, да уживаат во убавините на градот, убавата храна, а патем да да се запознаат со славното минато на прилепчани.

Прошетката низ МАРКОВИТЕ КУЛИ можете да ја направите ТУКА

А во продолжение луѓето од “Концепт за култура” го прикажаа целиот историски развој на овој локалитет.

Марковите кули се наоѓаат на северната периферија на градот Прилеп. Во 2006 година Марковите кули се прогласени за споменик на природата.

Со археолошките истражувања откриени се повеќе фази на живот и тоа:

Енеолит:

Најстарите траги од користењето на овој простор се поврзуваат со времето на доцни[1]от енеолит, кога на горните делови од ридот Маркови Кули егзистирала помала неутврдена населба, а на северните падини од возвишението Чардак се откриени остатоци од станбен објект лоциран во внатрешноста на една помала пештера.

Бронзено време:

Раното бронзено време (2500 – 1700 год. пр.н.е.) го потврдуваат остатоците од некропола откриени на јужните падини и во подножјето на ридот, поточно, во северниот дел од населбата Варош. Откриени се шест гробови од типот цисти, оградени и покриени со камења или камени плочи. Следната етапа на бронзеното време (XV-XIII век пр. н.е.) е презентира од уникатниот наод на гроб во пештера, откриен на локалитетот Светец. Во таа пештера-процеп е откриен гроб со керамиран покојник, чиишто остатоци биле поставени во керамичка урна, вкопана во земја, странично потпрена со камења.

Железно време:

Железното време на простор на Марковите Кули е потврдено со фрагментирани остатоци откриени на јужниот и западниот сегмент од подножјето, како и врз највисоките партии од ридот. Во источниот сегмент од возвишението Чардак се откриени уникатните цртежи врз карпа, кои според стилско-иконографските особености и археолошкиот контекс се датираат во железното време.

Класичен период:

Класичниот период (IV век пр. н.е.) го презентираат остаоците од некропола откри[1]ени во западниот дел од комплексот Маркови Кули, т.е. во месноста Заград. Имено, на овој простор се откопани 36 гроба со кружно-овална и правоаголна форма, различни според својата ориентацијата. Покојниците биле кремирани.

Хеленистичко време:

За разлика од фрагментарноста на претходните етапи, досега откриените материјални ос[1]татоци од хеленистичкото време (III до крајот на I век пр. н.е.) на просторот од Марковите Кули овозможуваат во основни црти реконструкција на изгледот на населбата, а со овој период се поврзува првичната изградба на фортификација на горните партии од ридот. Ѕидовите од ова време биле изведени од необработени камења поврзани со варов малтер.

Римско време:

Во раноримското време (I-III век) продолжува да егзистира населбата на јужните делови од археолошкиот комплекс Маркови Кули, што го потврдуваат фрагментарно зачуваните остатоци од населбински слоеви во коишто се откривани делови од садова и градежна керамика, орудија, монети и сл. Најиндикативна потврда за користењето на овој простор во првите векови од новата ера се големиот број откриени делови од камена пластика, за жал, најчесто откривани надвор од нивниот архитектонски контекст.

Доцно римско време:

Со доцноримското време (крајот на III – доцен V век) се поврзува егзистирањето на една поголема населба од градски вид, чии остатоци: акропол, утврдено подградие и отворена населба, се откривани во горните партии од ридот, како и во западните, југозападните и јужните сегменти од археолошкиот комплекс.

Доцно античко време:

Во доцноантичко време (доцен V – крајот наVI век) или барем во поголемиот дел од овој период, може да се следи натамошната егзистенција на двата основни сегменти од спомена[1]тата населба: акрополот со утврдено подградие и неограден сегмент од населбата.

Ран среден век:

Сознанијата од анализа на културните слоеви, особено на интактните археолошки слоеви во секторот Сред Кули, несомненено го[1]ворат дека во раниот среден век (крајот на VI/почеток на VII – средина на IX век) просторот на Маркови Кули во најголема мера бил напуштен.

Полн среден век:

Зародишот на средновековниот Прилеп, поточно, неговата протоурбана фаза со сигурност може да се поврзе со полниот среден век, т.е. крајот на IX/ првите децении. Можат да се издвојат две основни фази во развојот на полносредновековниот Прилеп и тоа:

Прва фаза (крајот на IX/првите децении на X до првите децении на XIII век)
Втора фаза (првите децении на XII до почетокот на XIII век)
Доцен среден век:

Во текот на XIII и XIV век Прилеп покажува типични карактеристики на доцносредновековен град со особено воено-политичко, културно и економско значење за средишните делови од Балканскиот Полуостров. Притоа, можат да се издвојат три развојни фази, меѓусебно различни според распространетоста, содржината и распоредот на структуралните елементи на населбата.

Прва фаза (1204 – 1259) – Оваа фаза на доцниот среден век на поширокиот балкански простор е одбележана со падот на Цариград под власта на крстоносците (1204 – 1261), додека на просторот од се[1]верна Пелагонија се манифестира со интензивни воени активности, што условило често и краткотрајно завојување на градот од страна на Бугарија, завладување од претендентите на византискиот трон и др.

Втора фаза (1259 – 1334) – Втората доцносредновековна фаза е одбележана со обновата и обидот за враќање на стариот сјај на Византија, во што регионот на северна Пелагонија има исклучителна улога; во почетокот како место на разрешница на внатрешните судири, а на крајот од оваа фаза Сред Кули, северен сегмент 36 како последна точка на одбрана на Византија од разурнувачката моќ на српската држава во експанзија.

Трета фаза (1334 – 1392) – Оваа фаза се карактеризира со интензивен економски и културен развиток на градската населба во рамките на српската држава и соодветно на тоа, максимален развиток на економскиот сегмент во цивилниот дел на населбата: панагириште и производствени целини. Во согласност со интензивните воено-политичкиот случувања поврзани со српската експанзија, а подоцна и со одбраната од османлиските освојувања, фортификацискиот сегмент е развиен на неопходно доцносредноековно рамниште.
Отомански период:

По дефинитивното воено завојување на северна Пелагонија во 1392 год., населбата распространета на просторот од културниот комплекс Маркови Кули ги губи градските карак[1]теристики, а на горните партии од ридот е стационирана помала воена посада, како што впрочем е забележано во патописните записи на Евлија Челеби од XVIII век.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.