Прекрасниот црковен храм во близина на Крушево кој малкумина го знаат: Место со неверојатен поглед и убавина која одзема здив (Фото галерија)

Meѓу ризницата на прекрасни манастири и цркви кои се едно од најголемите богатства на Македонија, има храмови кои се помалку и повеќе познати.

Еден таков црковен храм за кој многумина не знаат е Св. Василиј Велики, кој се наоѓа во близина на некогашното крушевско село Трстеник.

Црквата Св. Василј Велики потекува од 1995 година, а е изградена на темелите на поранешна црква која постоела тука.

Она што прво ќе ви одземе здив е прекрасната природа, неверојатниот поглед и чистиот воздух.

Црквата е осветена во 2008 година и барем за нас отсега ќе биде неодминлива дестинација кога ќе го посетиме Крушево.

До црквата најдобро се стигнува од повеќе познатиот манастир Св. Спас, кој пак се наоѓа од левата страна на патот Кривогаштани-Крушево.

Откако ќе стигнете во манастирот Св. Спас, секако искористете половина во времето таму, затоа што кој бил знае дека и тука е прекрасно.

На само 20-тина минути пешачење потоа ќе стигнете до црквата Св. Василиј, а по патот друштво ќе ви прави живописната природа и поточињата.

Нека ова биде доволна причина да го посетете ова живописно место, и секако почитувајте ги препораките за социјално дистанцирање и респектирајте ја природата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.