Во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ синоќа (12.12.2019) беше отворена изложбата на икони „Седумте архангели“ од уметникот Стефан Малбашиќ од Битола.
Малбашиќ за првпат во современиот македонски иконопис креира ваква ликовна интепретација на фигурите на седумте архангелски претстави.
Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар по уметност.
– Малбашиќ создава автентична артистичка визија и соодветна ликовна интепретација, продолжувајќи ја зоографската традиција и мисија на византиските средновековни иконописци – рече Димеска, потенцирајќи дека во суштина архангелите во небесната хиерарија ја заземаат највисоката позиција, покрај тронот на Бог, спроведувајќи ги божјите закони, борејќи се против седумте смртни гревови и сочувувајќи ги душите за седумте божји дарови на светиот Дух.