Прекрасна глетка: Дечињата од детската градинка “Гоце Делчев” од Прилеп пуштија балони со порака за мир и толеранција

ФОТО/printscreen/infokompas.com.mk

Со пуштањето на стотина балони и правењето на 5-те олимписки кругови, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, кои го симболизираат мирот, толеранцијата и соработката помеѓу континентите во светот, најмалите од градинката „Гоце Делчев“ од Прилеп ја одбележаа „Неделата на детето“ која се одбележува во месец октомври.

Настанот беше насловен како „Парада на мирот“. Освен балоните како порака за мирот се пуштија и гулаби кои исто така се светски симбол на мирот – oбјави порталот “Инфо Компас”

Видео прилогот од настанот погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.