Прекрасен дочек на Новата година во Битола (Фото)

Во прекрасна атмосфера на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа Битола ја дочека Новата година.

За крај на „Зимската приказна“ и успешен почеток на Новата година, програмата беше исполнета со „Eruption Band“, „Elicsir band“, Групата „Чоканче“ и Битолскиот дувачки оркестар надополнет со Стендап комедија на Марјан Ѓорѓиевски.

Точно на полноќ, впечатливи светлосни ефекти го означија почетокот на 2024 година, а градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на сите граѓани им посака многу здравје, среќна и успешна година.

Традиционално, планинарите од групата „Олимпус Монс“, синоќа го започнаа искачувањето на Пелистер, како дел од првиот настан за оваа година, насловен „Први на први“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.