Предупредување од УХМР, доаѓа невреме: Обилни дождови, грмежи и силен ветер во Македонија

Времето ќе биде сончево и свежо со мала до умерена облачност. На крајот од денот на југозапад ќе има услови за појава на слаб дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 19 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната до 24 степени.

Од понеделник до среда ќе преовладува облачно и посвежо време со пообилни врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови на земјава. До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе бидат во пораст.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.