Жител на Прилеп објави видео на социјалните мрежи каде се гледа дека рампата кај железничката станица не работи.
На видеото се гледа дека рампата не е спуштена додека поминува возот кој се упатува кон Битола.
Како е можно во 21 век, кога сите политичари од власта ни велат дека цветаме како држава, да се случува нешто вакво што ги загрозува животите на граѓаните?
Вака ли се движи возот кон Европа?