Управата за јавниприходи вработува 100 луѓе. Огласот е распишан на веб страната на Агенцијата за администрација.
Во него се вели дека ќе се примаат 100 државни службеници во Управата за јавни приходи, за 79 работни позиции.
Се бараат инспектори, даночни советници, соработници, асистенти, a платите се движат меѓу 28 и 38.000 денари.
За секој оглас е прецизно наведено кои услови треба да исполнува кандидатот, во смисла на образование, работно искуство. Огласот може да го погледнете на следниот линк.