Гледајќи дека ситуацијата ширум светот започна да оди кон позитивна насока во однос на пандемијата, цениме дека овој позитивен дух е време да се чувствува и во нашата земја. За среќа, случаите излечени од „Ковид 19“ се зголемуваат, додека бројот на нови случаи на заразени лица значително паѓа, порачуваат од Алијансата за Албанците (АА).
-Врз основа на овој факт, тоа значи дека правото на слободно движење на луѓето е ограничено на многу строга мерка без потреба, затоа Алијансата за Албанците предлага мерките во земјата да го означат вториот бран на олеснување, почнувајќи од скратување на полицискиот час од 23:00 до 05:00 часот. Знаеме дека економијата на нашата земја не може да го толерира ова темпо на работа долго време, затоа почитувајќи ги заштитните мерки (дистанца, маски, ракавици) предлагаме да започнеме со отворање на бизнисите како што се рестораните, кафулињата и сличните бизниси што се затворени поради вирусот. Иако туризмот во земјата не е на ниво што треба да биде, сепак е неспорно дека овој сектор, како и хотелите и транспортот, придонесуваат на економијата на земјата, кои се најпогодени сектори од здравствено-економската криза, порачуваат од партијата.
Од Алијансата велат дека за 72.743 вработени во овој сектор да можат да ја обезбедат нивната егзистенција, барем она што може да го направи владата за најпогодените сектори е да понудат 100% субвенција на придонеси за плати на работниците на ниво на минимална плата за што од државната каса треба да бидат издвоени 15,6 милиони евра.
-Нема подобра причина за трошењето пари од државната каса од тоа да им се помогне на тие кои се најпогодени од пандемската криза. Олеснувањето на мерките за движење, државната помош за погодените сектори и постепеното започнување со работа на бизнисите би биле добра основа за да се спаси кревката економија на земјата од рецесија, порачуваат тие.