Пред неколку седмици пред мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, камерите на „Олд Трафорд“ забележаа дека теренот се прска со лук.
Англиските медиуми пренесуваат дека клубот тоа го прави последните пет години и досега се покажало како погодок, бидејќи и другите клубови од Островот почнале да го применуваат истиот рецепт.
Имено, со помош на лукот им оневозможува на инсектите да ги уништат корените на тревата поради која теренот на „Олд Трафорд“ е еден од најдобрите во Европа.
Маана на оваа тактика е тоа што потребни се големи количини на лук, а во ветровити денови миризбата знае да се прошири и во радиус од 500 метри од стадионот.