Овие денови на интернет кружи исповедта на жена која била жртва на насилство од страна на својот маж. Таа раскажува на кој начин успеала да му се спротистави.
-Пред некој ден го претепав маж ми, го убив лебот во него, баш онака како што мажите ги удираат жените, бидејќи поради игра на околностите јас сум покрупна и посилна од него. Досега тој мене неколку пати ме претепа, но јас се плашев да му се спротиставам се до пред некој ден, кога говореше за својата мајка и тргна да ме удри, почнува таа и продолжува.
Во момент добив некоја сила и скокнав на него, го соборив и почнав да го удирам. Потоа почна да ме моли да престанам, но не престанував, нема место кај што не го удрив. Кога престанав и станав од него, видев дека сум му ја ранила усната, аркадата и дека има модрица на окото.
Таа вели дека и било доста од насилство.
-Ми кажа дека не сум нормална жена и дека треба да одам кај психијатар, а кога они удираат жени тоа нема врска. Епа не може веќе ни така. Би ги советувала сите жени: Нека се спротистават на својот сопруг затоа што доста беше насилство над жените, нека и тие видат како е кога ќе се добие ќотек, раскажува оваа жена.