Останаа уште три државни празници односно неработни денови до крајот на оваа година. Следниот неработен ден за сите граѓани е 11. октомври, Денот на народното востание, кој паѓа во петок, па со тоа добиваме и продолжен викенд.
Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:
– 11 Октомври (петок), Ден на народното востание; 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник).