Пред две децении во Прилеп живееле речиси 17.000 млади луѓе, денеска бројката е речиси преполовена

Резултатите од последниот спроведен попис на население во 2021 година покажаа дека во Македонија има 1.8 милиони жители или намалување од околу 180 илјади жители споредено со последниот одржан попис во 2002 година кога биле околу 2 милиони жители1. Сепак, иако бројот на вкупно население се намали за околу 9%, процентот на младо население во возрасната група 15-29 години забележа диспропорцијално поголемо намалување – стои во најновото истражување од Институтот за дигитализација, економија и иновации, насловено како “КАДЕ ЖИВЕАТ МЛАДИТЕ ВО МАКEДОНИЈА?”

Според истражувањето во изминатите две децении, општина Прилеп загубила нешто над 32% од младото население, односно од 16.870 млади луѓе на возраст од 15-29 години во 2002година, според последниот попис во 2021година, во општина Прилеп живеат 11 452 млади луѓе, или 5 418 помалку.

Ако пак се земе во предвид дека по завршувањето на пандемијата голем број млади заминаа на работа во Хрватска, Германија и останатите европски земји, а добар дел од нив не се враќаат назад, оваа бројка е уште помала.

Целото истражување за тоа каква е состојбата во останатите општини во Македонија, погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.