На 24.12.2021 во 16.05 часот во близина на автобуска станица Скопје на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е лишена од слобода Т.Ј.(26) од Скопје.
Приведената, околу 16.00 часот агресивно се однесувала и физички нападнала полициски службеник.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-На 26.12.2021 во 05,00 часот пред дискотека во Велес бил лишен од слобода И.Т.(25) од Велес затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.