Прво Јордан Митев, па Андријана Кеш, а сега и Ефто му откажа на СДСМ да пее на 8-ми Септември во Пеленица

Откако популарниот фолк музичар Јордан Митев го откажа своето учество на настанот ,,Традиционален пикник Пеленица”, организиран од Општинската организација на СДСМ Кисела Вода, бидејќи не пеел на настани одбележани со партиски симболи, се огласи и неговата колешка Адријана Кеш.

-Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи.

За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е како што знаете утре на плоштадот Автокоманда (четврток, 7 септември со почеток од 19:30ч), а другиот настап требаше да биде на 8 септември во Пеленица – Скопје.

Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите, настанот на 8 септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека Јордан Митев нема да учествува на 8 септември во Пеленица.

Нека е за многу години престојниот празник, денот на независноста на Република Македонија, реагираше Митев на социјалните мрежи.

Андријана Кеш пак напиша: “Почитувани… сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември… Во тек на договорот никој не спомна дека ова ке биде партиски поврзано… Рекламата ја видов утрово… НЕ СУМ ПАРТИСКИ ОПРЕДЕЛЕНА ни ке бидам … така што јавно се откажувам од овој настап за кој, уште еднаш ке кажам, требаше да биде НАРОДЕН СОБИР, а не ПАРТИСКИ НАСТАП”.

Oд СДСМ Кисела Вода потоа го променија постерот за настанот, па на местото од Јордан Митев го ставија Ефто Пупиновски, но и тој им го откажа настапот.

На неговиот профил на ФБ стои: “Почитувани пријатели, Сакам да Ве информирам дека Ефто Пупиноски НЕМА ДА НАСТАПУВА на прославата по повод независноста на Република Македонија која ќе се одржи на ден 08.09.23 г. на Пеленица, општина Кисела Вода. Исто така, нагласувам дека Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оргинален самиот по себе е незаменлив”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.