Прво натпреварување и прв медал за младата боди билдерка од Прилеп Андреа Аврамоска – девојката која е синоним за упорност и посветеност (ФОТО)

Во организација на најпознатиот боди билдер од Битола – Зоран Лазаревски Паљо и боди билдинг федерацијата на Македонија, синоќа во големата сала на Домот на културата се одржа вториот по ред “Паљо класик опен 2023“.

Популарниот Паљо на едно место ги собра најдобрите боди билдери и боди билдерки од цела Македонија, и приреди шоу за паметење кое траеше цели 2 и пол часа.

Салата во Домот на културата во Битола беше исполнета до последно место, а имаше и што да се види. На сцената продефилираа голем број боди билдери и билдерки, кој од кој подобар.

Секако најголем интерес предизвикаа девојките, а една од оние кои пленеше беше младата прилепчанка Андреа Аврамоска, која освои сребро во категоријата бикини фитнес. Андреа е вистински пример за тоа како се постигнуваат врвни резултати со напорна работа и посветеност.

Ова беше нејзино прво натпреварување, а во остварување на нејзиниот сон и помогна уште една шампионка, Ангела Гелинческа и “Еlite Gym”.

Честитки до Андреа за постигнатиот успех и желби за уште поголеми достигнувања во иднина!

ФОТО/ФБ/Аndrea Avramoska




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.