На натпреварот по циркуларна економија, одржан на Економскиот факултет во Прилеп, првото место во конкуренција на средни училишта од целата држава го освои тимот на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.
Учениците, под менторство на професорката Виолета Секулоска, се претставија со проектот „Rerubix“, кој предвидува рециклирање на стари гуми и нивна пренамена во заштитни бариери за патишта и подлоги за детски игралишта.
Нивната идеја беше високо оценета од страна на стручната комисија и претставниците од бизнис секторот како практично, еколошко решение со реална примена.
Овој успех претставува значајно признание за учениците и нивната менторка, но и потврда за квалитетот на образовниот процес во училиштето.




























