На конкурсот од Програмата „Млади репортери за животната средина“ за најдобра новинарска статија, првото место го освоија Ивана Дукоска и Верица Христоска од I-3 клас од гимназијата “Мирче Ацев”,под менторство на проф. Весна Михаиловска.
Програмата „Млади репортери за животната средина“ е интернационална програма на Фондацијата (FEE) која се спроведува како составен дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ на Министерството за образование и наука.
И оваа година беше распишан конкурс „Млади репортери за животната средина“ за најдобра новинарска статија, за најдобра фотографија и најдобар видео запис за некој локален еколошки проблем.
Според интернационалните критериуми во конкуренција од 30 новинарски статии од средните училишта во Р.Македонија новинарската статија на Ивана и Верица „Уништувањето на шумите – уништување на гранката на која седиме“ која го третира проблемот на дивото сечење на шумите во Прилепско, го освои првото место. Оваа статија ќе биде испратена и на интернационалниот конкурс од Програмата.