Синоќа во Македонија падна првата снежна прекривка. Снег врнеше речиси на сите повисоки места, а првиот снег пристигна во Крушево и во древното светилиште во село Зрзе, манастирот “Св. Преображение”.
Глетката е прекрасна, а манастирот секогаш е магнет да се посети и да се ужива во прекрасниот поглед.