Првата генерација матуранти од Прилеп, кои учеа во Спортската Академија во Скопје, денеска имаа прием кај градоначалникот, Марјан Ристески. Тие го запознаа првиот човек на градот со условите и искуствата кои ги стекнаа на оваа академија, отворена пред четири години, како проект на Владата на Република Македонија, во соработка со Агенцијата за млади и спорт, наменет за откривање и формирање на спортски таленти од Македонија во сферата на фудбалот, ракометот, кошарката и тенисот.
Градоначалникот на Прилеп се интересираше за идните планови на овие талентирани прилепски спортисти, кои беа првата генерација спортисти на Спортската академија и се школуваа во Скопје.
Денеска во рамките на Спортската Академија, веќе постои паралелка за фудбал во Прилеп, а во останатите градови во Македонија, Велес, Охрид и Струмица, се формирани паралелки и во останатите спортови, вклучени во овој успешен владин проект.