Прва изјава на новиот градоначалник на Прилеп: “Мојата врата секогаш ќе биде отворена за вас, чесно и домаќински ќе ја извршувам функцијата”

Во Општина Прилеп денес официјално беше извршено предавање на функцијата градоначалник, од досегашниот градоначалник Илија Јованоски на новоизбраниот градоначалник Борче Јовчески. Од страна на Општинската изборна комисија им беа доделени уверенија на новоизбраниот градоначалник Јовчески, како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп.

По превземањето на функцијата новоименуваниот градоначалник Јовчески се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Општина Прилеп.

-Благодарен сум за вашата поддршка и ви ветувам дека во наредните четири години ќе се случат промени кои на нашиот град му се потребни.

Мојата врата секогаш ќе биде отворена за вас. Ветувам дека чесно и домаќински ќе ја вршам својата нова функција и дека ќе се погрижам проектите кои што се во нашата програма да бидат остварени во целина.

Граѓаните и жителите на населените места заслужуваат решенија на нивните долгогодишни проблеми.

Затоа, со заемната соработка со Советот на Општина Прилеп, ќе се погрижиме да секој граѓанин го оствари своето право брзо и ефикасно, без разлика во кој домен на општинското работење се работи, истакна новиот градоначалник на општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.