Прва вечер “Пиво Фест” – Громогласно отварање на фестивалот на скарата и пивото (ГАЛЕРИЈА)

[Best_Wordpress_Gallery id=”315″ gal_title=”Pivofest1″]

Неверојатна и супер забавна прва вечер на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп. “Пиво Фест 2016” започна громогласно. Организацијата перфектна, изведувачите ги исполнија очекувањата, а публиката уживаше во секој миг.

Фестивалот го отворија “Crossroad Blues Band”, следуваа реге звуците на гостинот од Јамајка, Рафаел, па популарните Тропико Бенд, за крај да следува големото финале. “Fly Project” синоќа го “запалија” Прилеп. Публиката уживаше и во еден глас ги пееше супер хитовите “Тоca Toca”, “Мusica”, “Like a star” …..

Пред нас се уште 3 фестивалски вечери, а вечерва на сцената ќе настапат “Самостални Референти”, македонското девојче Каролина Гочева, мега популарната балканска ѕвезда Хари Мата Хари и за крај повторно многу адреналин, настапува диџеј дуото од Грција, “Bang La Deck”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.