Мисури е првата американска држава која ја тужи Кина за справување со коронарниот вирус, кој за прв пат се појави во кинескиот град Вухан.
Ставот на Мисури е дека акциите на Кина доведоа до економски загуби на Америка.
Генералниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит, во вторникот поднесе тужба за наводно запоставување на кинеските власти, објави Ројтерс.
Обвинителот рече дека Мисури и нејзините жители изгубиле десетици милијарди долари и бараат финансиска компензација.
„Кинеската влада го излажа светот за опасностите од заразната природа на Ковид-19, ги замолкна оние кои алармираа и направи малку за да спречи ширење на болеста“, рече републиканецот Шмит, кој посочува дека Кина мора да биде одговорна за своите постапки.
Во тужбата се наведува и дека Кина ја влошила пандемијата со приграбување на маски и друга заштитна опрема.
Кина веќе се соочува со слични тужби од американски бизнисмени.
Меѓутоа, меѓународните експерти изјавија за Ројтерс дека тие судски постапки веројатно ќе пропаднат, бидејќи странските влади, според доктрината што се применува, имаат имунитет како суверени земји.
И Би-Би-Си забележува дека Кина нема причина да се плаши од оваа тужба.
Странските влади не можат да бидат обвинети пред судовите во САД и ако САД сакаат да ја тужат Кина, тогаш ќе треба да го сторат тоа на меѓународен суд каде Пекинг има право да одговори.