Победа го забележа првиот пораз во новата прволигашка фудбалска сезона во Македонија.
Во третото коло, црвено-белите беа поразени од Работнички со 0:2 на стадионот под Тумбе кафе во Битола.
Романтичарите до вториот триумф сезонава стигнаа преку головите на Остоја Стјепановиќ од пенал во 5-та минута и Петар Петковски во 60-та, после неуспешна офсајд замка на фудбалерите од Победа.
Прилепчани имаат 4 освоени бода во првите три кола и се наоѓаат на петтото место на табелата.
Во наредното коло, Победа му гостува на Силекс во Кратово.